Македонското судење добива силна меѓународна потврда. Доне Ристовски, интернационален судија кој успешно дели правда и во футсал и во фудбал, ќе биде дел од Европското првенство во футсал 2026 – натпреварување на кое ќе судат само 32 најдобри арбитри од Европа. Заедно со Марјан Младеновски, Ристовски ќе ја претставува Македонија, ФФМ и целокупната судиска организација на највисокото европско ниво. Патот на Ристовски до елитата почнува од ...
Македонските арбитри Доне Ристовски и Марјан Младеновски добија огромна чест и доверба да го судат дербито од групата Б на Европското футсал првенство 2026, во кое во недела од 13:00 часот ќе се соочат селекциите на Ерменија и Чешка. Станува збор за клучен натпревар во групата, бидејќи победникот ќе направи голем чекор кон пласман во четвртфиналето. Во првото коло Ерменија ја совлада Украина со 2:1, додека Чешка одигра спектакуларен меч ...

