Централниот дефанзивец Даниеле Ругани го обнови договорот со Јувентус до 30 јуни 2028 година. Заедничкото патување започна во 2012 година, кога тогаш младиот Даниеле за првпат го облече дресот на Јувентус, прво на младинскиот состав, а во 2013 стана и првотимец. Има играно како позајмен за Емполи, Рен, Каљари и Ајакс, но постојано се враќаше во Јуве. Меѓу играчите кои моментно се во составот на Бјанконерите, 31-годишниот Ругани има најмногу ...

Тренерот на Баерн, Винсент Компани, потпиша двегодишно продолжување на договорот, според кое ќе остане во германскиот тим до јуни 2029 година. Поранешниот капитен на Манчестер Сити го презеде баварскиот клуб во мај 2024 година, а неговиот првичен договор требаше да истече во летото 2027 година. 39-годишниот Белгиец го предводеше Баерн до титулата во Бундеслигата минатата сезона и забележа 49 победи во 67 натпревари одиграни од баварскиот тим во ...