Петочниот ден започна како најубавиот сон за Хари Мегваер, но заврши како вистински кошмар. Искусниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед најпрво доби повик од новиот англиски селектор Томас Тухел за првпат по 2024 година, но само неколку часа подоцна стана трагичар на гостувањето кај Борнмут, каде неговиот тим испушти победа и ремизираше 2-2. Сите возбудувања на „Виталити“ беа резервирани за второто полувреме, откако мрежите мируваа во првите ...
И покрај тоа што два пати водеа, фудбалерите на Манчестер Јунајтед на крајот мораа да се задоволат со еден бод од гостсувањето кај Борнмут. Мечот заврши 2-2, благодарение на пеналот кој го направи Хари Мегваер на девет минути пред крајот, а згора на тоа стоперот заработи и исклучување. Бруно Фернандеш со гол од белата точка донесе предност во 61. минута. Но, радоста на гостите траеше само шест минути, откако Кристи успеа да израмни во 67. ...

