Пишува: Џабир Дерала Во политиката никогаш не недостигаат конфликти, тоа е дел од секојдневниот политички живот во демократските, но и во хибридните режими. Тишина владее во авторитарните држави. Но овој текст е коментар за политичките стилови со осврт на случајот ВМРО-ДПМНЕ, а не е теоретска расправа за разликите меѓу режимите и политичките системи. Значи, политичките несогласувања, па и остри конфликти во јавниот и политичкиот дискурс се ...

Кој е стилот на партијата на власт? Одговорот е релативно лесен. На секое суштинско прашање – за европските интеграции, уставните измени, меѓуетничките односи, дискриминацијата, економските предизвици или врските со авторитарни центри на моќ – ВМРО-ДПМНЕ и институциите што се под нивна цврста контрола, едноставно, не одговараат. Или целосно го игнорираат прашањето со молк, особено ако доаѓа од независни медиуми и јавни интелектуалци, или – ...