Либиските власти објавија во текот на вчерашниот ден дека бродот потонал помеѓу Малта и Либија. „Тоа ја влошува ситуацијата на глобалните енергетски пазари, на пазарите на гас, вклучително и во овој случај пред сè Европа“, кажа Путин на руската државна телевизија. Рускиот претседател оцени дека „украинскиот режим ја гризе раката од која јаде, раката на Европската Унија“. Претходно вчера руските власти ја обвинија Украина дека го потопила ...

Владимир Путин ја обвини Украина за терористички напад врз еден од руските носачи на течен природен гас, кој експлодираше и потона во Средоземното Море во близина на Либија. Арктик Метагаз беше санкциониран од САД и ЕУ поради тоа што е дел од флотата во сенка на Москва од стари танкери што ја носат нејзината нафта и гас низ целиот свет, заобиколувајќи ги западните ограничувања. Либиската поморска управа пријави ненадејни експлозии, проследени ...