Во матичната собраниска Комисија денеска продолжи амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година. Освен за поднесените амандмани, дебатата се фокусираше и на поведената постапка на Уставниот суд за линеарното зголемување на пензиите по што дојде до меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата. Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, во реплика на амандман поднесен од СДСМ, спомена дека судијката Добрила Кацарска поднела ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет утре напладне ја продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, по неколку дена жестоки, но ограничено продуктивни судири меѓу власта и опозицијата. На маса се околу 200 амандмани, главно насочени кон зголемување на средствата за општините и за дел од државните институции, но досега само мал дел од предлозите добија зелено светло. Амандманската расправа доаѓа по завршениот општ ...