Убедлива победа забележа Беса од Слупчане откако со 6:2 го декласираше тимот на Лопати на домашен терен. Во високата победа двоен стрелец беше Ридван Исмаиљи, а по еден гол постигнаа Бајрами, Демири, Фетаи и Јашари, а пак за гостинот стрелци беа Мустафи и Сулејмани. Пчиња со 5:2 го доби тимот на Отља на домашен терен, преку двата гола на Стојановски и погодокот на Митревски, а пак Абази и Саљији си постигнаа автоголови, за гостинот Куртиши и ...
Екипата на Беса Сарај денес во рамки на вонредното 21. коло на Трета лига – Север ќе гостува кај ББК Коњаре каде ќе бара осма победа во низа. Екипата од Сарај е во победничка форма и тоа резултираше со голем скок на табелата. Тимот е на петтото место на табелата, а на своето конто има 32 бодови. Во рамки на 14. коло, Беса Сарај на домашен терен го совлада Куманово со 3-1, по што следуваше гостинска победа во 15. коло над Лопате од 3-1. Во 16. ...

