Премиерот вели дека СДСМ и сега се обидува да опструира процеси од политички причини, како што, според него, направил и Кире Наумов кога со испраќањето писма до странски инвеститори ја опструирал емисијата на еврообврзницата Наумов оцени дека спречувањето на задолжувањето било негова патриотска обврска и додаде дека 400. милиони евра немало да бидат искористени за плати и пензии, туку за одржување на, како што го нарече, криминален и ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати обвинувања кон поранешниот дополнителен заменик-министер за финансии Кире Наумов, кој ја извршуваше оваа функција како кадар предложен од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), дека во 2016 година ја опструирал емисијата на еврообврзница, со што државата претрпела дополнителни трошоци од неколку милиони евра. Наумов ги отфрли ваквите обвинувања и порача дека е горд на постапките од пред десет години и ...