Кога Тејана Тејлор се појави во првиот ред на Haute Couture ревијата на Schiaparelli за време на Paris Fashion Week, вниманието не го привлече само провидната чипкана креација – туку и накитот со необична приказна зад себе. Античката сребрена круна со бисери и кристали, како и впечатливиот лустер-брош што Тејлор ги носеше, се всушност модни реплики инспирирани од накитот украден од Лувр во октомври минатата година, потврди Vanity Fair. ...
Американската актерка, музичарка и модна икона Тејана Тејлор го привлече целото внимание на Париската модна недела, појавувајќи се во првиот ред на Haute Couture ревијата на Schiaparelli, одржана во Petit Palais. Само неколку дена по своето деби како водителка на Saturday Night Live, Тејлор пристигна во Париз и се појави во целосно провидна црна чипкана комбинација и молив-здолниште од Chantilly чипка, без поставa, надополнети со црн ...

