Македонската машка ракометна репрезентација после пауза од околу шест месеци, повторно се собра за да одигра натпревар, овојпат два и тоа пријателски со Јапонија, првиот в четврток, затворен, вториот в сабота во Куманово со присуство на публика. Како и секогаш, расположението беше убаво, репрезентативците со нетрпение чекаат да заиграат заедно. На дуелите со Јапонија ќе го нема голманот Никола Митревски кој се појави на собирот, но има повреда, ...
Како „загревање“ за континенталниот собир ЕП 2026 нашата најискусна селекција ќе одигра двомеч пријателски натпревари против репрезентацијата на Јапонија. Селекторот Кирил Лазаров ги собра ракометарите во хотелот „Александар Палас“. Со скоро целосно формиран тим од домашниот шампионат, Македонија ќе одигра две контролни средби против Јапонија. Лазаров го даде својот коментар за моменталната состојба на националниот тим и за предизвиците кои ...

