Пожарот на Крит прерасна во смртоносна катастрофа во јужниот дел на Ретимно, каде што двајца пожарникари загинаа, шест населени места добија наредби за евакуација, а дел од заглавените граѓани беа извлечени по море. Ураганските ветрови ги приземјија противпожарните авиони и хеликоптери во моментот кога огнениот фронт се прошири на повеќе од 15 километри. Загинатите пожарникари биле на возраст од 25 и 58 години. Едниот бил сезонски пожарникар, ...
Пожарите трет ден се уште се активни во неколку области во Грција, а пожарот во јужниот дел на Ретимно на Крит им предизвикува најголеми проблеми на пожарникарите. Екипите на терен се обидуваат да го локализираат главниот пожарен фронт во областа Агија Параскеви, додека нов пожар е регистриран во Аркадија. Пожарот на Парос повторно се активирал.Според информациите од Координативниот центар, гаснењето на пожарот во Ретимно е отежнато од ...

