Седум фемициди. Осум закони предвидени за измени. Ниту еден досега не е изменет. Продолжуваме со нашиот „Ѕид на срамот”, упатувајќи јавни прашања до Панче Тошковски, министер за внатрешни работи. По убиствата на Ивана и Катја, во март годинава беше формирана работна група за измени на осум закони со цел подобрување на системот за спречување и заштита од насилство врз жените. Осум месеци подоцна, измените на само еден закон се поднесени во ...
Мрежата за заштита од дискриминација го постави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, како втор функционер на својот „Ѕид на срамот“ поради застојот во законските реформи за заштита на жените од насилство. Осум месеци по убиствата на Ивана и Катја и формирањето на владината работна група за измени на осум закони, до Собранието се доставени измени за само еден закон, а ниту тие сè уште не се усвоени. Работната група била формирана ...

