„Проширувањето на ЕУ е вин-вин ситуација и за земјите кандидатки и за Унијата – не смееме земјите да ги оставаме бесконечно да чекаат“, под овој наслов МИА пренесува делови од настапот на претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, за време на нејзиното учество на конференцијата на „Економист“ во Атина, Грција. Мецола се обрати како почесен говорник на гала-вечерата на 30. Government Roundtable на The Economist во Атина на 9 ...
Ако погледнете каде е сега секоја од земјите по големото проширување во 2004 година, економскиот раст, животниот стандард и квалитетот на живот што им беа донесени на тие земји, јасно покажуваат дека проширувањето е вин-вин ситуација, не само за земјите што сакаат да станат членки, туку и оние што веќе се дел од Унијата, посочи претседателката на Европскиот Парламент Роберта Мецола за време на нејзиното учество на конференцијата на ...

