Две дерби пресметки во Првата женска фудбалска лига носи 23. коло, а кои соочувања ќе решаваат за второто место на табелата. Во Струмица ќе се соочат Тиверија Брера и Каменица Саса, меч каде струмичанки ќе мораат до трите бодови со цел да го сочуваат второто место, додека пак „рударите“ и со три бодови од Струмица нема да може да напредуваат на табелата односно ќе останат петти. На Пржино ќе се игра дерби меѓу Истатов и Љуботен, борба за ...
Убедлива победа од 3:0 забележа екипата на Тиверија Брера која на домашен терен во Струмица славеше над Каменица Саса во рамки на 23. коло на Првата женска фудбалска лига. Домаќините на полувреме имаа два гола предност, откако Билјана Панеска во 6. минута го отвори резултатот за водство од 1:0, а во 31. минута Розита Пецева постигна гол за двојна предност на полувреме. Во вториот дел Панеска со втор гол ги постави конечните 3:0 со што ...

