Иранскиот режим ги доживува најопасните моменти во својата 47-годишна историја. Она што започна на 28 декември минатата година како локализиран економски бунт на трговците во Техеран, за помалку од две недели прерасна во координирано политичко востание кое ги зафати сите 31 провинции на таа исламска држава. До денес, според податоците од новинската агенција на демонстрантите ХРАНА, убиени се најмалку 38 демонстранти, вклучувајќи шест деца. ...

Замислете состанок во петок во Врховниот совет за национална безбедност на Иран, каде што неговите 12 членови размислуваат за ширењето на бунтот низ целата земја. Тврдокорните застапници ветуваат „решителна акција“ за да ги скршат демонстрантите, исто како што направија во 2017, 2018, 2019, 2022 и 2023 година, објавува „Вашингтон пост“. Но, претседателот Масуд Песекијан и неговите помошници ги гледаат истите снимки од насилни бунтови што ...