Фудбалската репрезентација на Македонија за првпат во историјата до последното коло се одржа во трка за првото место во една квалификациска група. Полека, но сигурно се менува реалноста на македонскиот репрезентативен фудбал, растат апетитите и резултатите се во нагорна линија. Во квалификациската група Ј за Светското првенство селекцијата на Македонија е второпласирана со 13 бода, два помалку од лидерот Белгија во пресрет на последното коло. ...
Македонската репрезентација утре од 20:45 часот во Кардиф го игра последниот и најважен натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026, каде што ќе гостува кај Велс. Иако шансите делуваат минимални, фудбалот често знае да приреди изненадувања, па така постои и можност нашите момци да се искачат дури на првото место во групата и директно да заминат на Мундијалот. Препорачано За такво сценарио, Македонија најпрво мора да забележи победа ...

