Никол Кидман се појави заедно со својата 16 годишна ќерка Сандеј Роуз на забава во Париз и предизвика вистинска модна сензација. Забавата, на којашто присуствуваа голем број познати личности, беше организирана од страна на швајцарскиот производител на лукузни часовници OMEGA. Кидман носеше крација од Валентино – елегантно здолниште и кропиран топ. Актерката беше олицетворение на префинетост и елеганција дополнети со нејзиниот безвременски шарм. ...
Никол Кидман негува долгогодишна соработка со OMEGA. Славната актерка не го пропушти новиот настан на луксузниот бренд за часовници во Париз и беше придружувана од својата ќерка Сандеј Роуз. За оваа пригода, дуото мајка-ќерка избра монохроматски стајлинзи. 57-годишната холивудска ѕвезда изгледаше младолико во бела дводелна креација од Валентино, додека 16-годишната девојка избра сива модна комбинација со елече. Нема слични статии. Види повеќе ...