Електроенергетскиот систем во државата е стабилен и во целост функционален, уверува премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека во погон се клучните капацитети и дека има доволно ресурси за непречено снабдување со електрична енергија. Според него, во функција се блоковите 1 и 3 во РЕК Битола, додека на депониите има околу 80.000 тони јаглен во Битола и дополнителни 160.000 тони во Кичево. Акумулациите во хидросистемот се на околу 40 ...
Владата е подготвена да воведе ограничувања при точење гориво доколку се зголеми притисокот врз домашниот пазар, најави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека засега нема потреба од рестрикции. „Во овој момент не гледаме причина да го ограничиме точењето гориво, но доколку дојде до таков предизвик, ќе донесеме одлука со која ќе се ограничи конзумот и износот“, изјави Мицкоски. Според него, снабдувањето во моментов е стабилно и има ...

