Театар Комедија вечерва, на 28 ноември премиерно ќе ја изведе претставата „Ивона, принцезата на Бургунд“ што ќе биде деветта премиера на театарот во оваа година. Претставата е по текст на полскиот автор Витолд Гомбрович, во режија на Билјана Радиноска и Александар Ивановски. На премиерата ќе биде промовирано новото гледалиште во театарот кое е реновирано со финансиска поддршка од Амбасадата на Полска во Скопје. Салата за публика има 305 нови ...
„Тие столчиња имаа историја од шеесетина години, носеа некоја емоција и традиција, но, сепак, веќе беа нефункционални и имаше поплаки од публиката. Им благодарам на Полската амбасада и амбасадоот Мариуш за помошта и донацијата што ја дадоа за поддршка на овој проект, кој чини околу 9 милиони денари. Министерството за култура и туризам го поддржа со околу 5,3 милиони денари проектот за реновирање на салата т.е. менување на столчињата и на подот“, ...

