Доналд Трамп се закани дека САД ќе преземат „многу силна акција“ доколку Иран започне со егзекуции на демонстранти. Реакцијата доаѓа откако роднини на 26-годишниот Ерфан Солтани, кој бил приведен минатата недела, соопштија дека тој треба да биде погубен денеска. Претставник на организацијата за човекови права „Хенгав“ изјави дека досега не забележале случај кој бил решен толку брзо, посочувајќи дека судската постапка траела само два дена. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека добил информации оти иранските власти ги одложиле планираните егзекуции на приведени демонстранти, но одби да каже од каде точно доаѓаат тие сознанија и не ја тргна од маса можноста САД да преземат „многу силна“ акција против Техеран. Пораката дојде во момент кога Иран влегува во најострата фаза од протестниот бран што започна кон крајот на декември, а информациите од теренот се фрагментарни ...

