Во денешниот празничен петок ги објавуваме најновите 10 афоризми што за читателската заедница на Дума.мк ги создаде афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски. Тие гласат: Непоткованите галопираат кон политиката. Неоткриениот талент е како неизострен молив. Брачните бродоломи започнуваат со подводни струења, а завршуваат со бури. Никогаш не сум победил. Секој противник ми се предал без борба. Вдовиците ги фалат мажите, а нив ги фалат женетите ...
Дума.мк ги објавува десетте најнови афоризми на својот соработник познатиот афористичар и сатиричар Атанас Крлевски и овој петок во неговата рубрика „Уздумани Крлевизми“: „Сѐ и веднаш!“ е надвор од умот. Ако ве влечат за нос, нема да ви ја удрат клоцата. Влегов на мала врата. Ползејќи! Ѓаволот е на маки. Не стигнува да сади тикви со секој што сака. Денес, никој не се продава за пари. Време е на безготовинско плаќање. Пијам на државна чешма: ...

