Владата подготвува нов пакет ограничувања за приредувачите на игри на среќа, со кои обложувалниците и казината би морале да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основни и средни училишта, а се најавува и забрана за агресивно рекламирање на коцкањето. Мерките се дел од пошироките измени на законската рамка за игри на среќа, што повторно ја отворија дебатата за влијанието на обложувањето врз младите и јавниот простор. Според најавите, новите ...

По месеци реакции, протести и предупредувања дека коцкарниците никнуваат „на секој агол“, Владата конечно го усвои новиот предлог-закон за игри на среќа и забавни игри. Со него се отвора нов обид да се стави рампа на агресивното ширење на индустријата, особено во близина на училиштата и на местата каде што секојдневно се движат деца и млади. Законот сега влегува во собраниска процедура, каде што се очекува дебата во матичните комисии. Во ...

Општо е познато дека коцкањето и индустријата на игри на среќа со години беа оставени да ги окупираат населбите и секојдневниот живот на граѓаните. Оние што денес се обидуваат да ни продаваат патриотизам, се истите што вчера им ги отворија вратите на коцкарниците, го претворија коцкањето во нормален бизнис, па дури дозволија да стигне до вратите на училиштата, велат од ВЛЕН. „Последиците не ги плаќаат тие, туку семејствата албански, ...

Партијата ВЛЕН преку соопштение се пофали дека со нивното владеење, предлог-законот за игрите на среќа ги носи најсилните мерки досега против индустријата на коцкање: отстранување на казината и електронските игри на 500 метри од училиштата, забрана за реклами што го претставуваат коцкањето како успех или начин на живот, како и забрана за користење јавни личности и содржини насочени кон малолетници. Од партијата велат дека историско е и ...