Македонската фудбалска репрезентација го претрпе првиот и единствен пораз во квалификациите за Светското првенство. Нашиот национален тим целосно беше надигран и загуби на „Кардиф Сити стадиум“ со 7-1 (3-1). Сепак, и покрај овој пораз „рисовите“ во март 2026 година ќе играат бараж за мундијалско место. Милевски се одлучи за систем 3-5-2, со две новини во одбранбената линија – Стојчевски и Велковски добија шанса од првата минута наместо ...

Македонија доби нова, но многу потешка шанса да се бори за место на Светското првенство во фудбал во 2026 година. Иако вчерашниот тежок пораз од Велс со 7:1 ги урна надежите за директен пласман или бараж преку квалификациската група, „црвено-жолтите“ сепак ќе добијат уште една можност, преку плејофот на Лигата на нации. Тоа е истиот пат по кој тргнавме и пред претходниот Мундијал, кога Македонија ја шокираше Италија во Палермо и стигна до ...