Во Скопје утрово започна „Генералка викенд“, најголемата национална, волонтерска еколошка акција, во рамки на која илјадници граѓани чистат јавни простори во сите општини низ државата. Акцијата, која се одржува шеста година по ред, има цел да ја подигне јавната свест за заштита на животната средина и одговорно управување со отпадот, со активно вклучување на граѓани, институции, училишта и компании. Настанот во Скопје го отвори ...

Повеќе од 1.000 млади, волонтери од земјава, но и од странство, ученици, вработени во јавните градски претпријатија, утрово од зад Владата на кејот на Вардар почнаа да го собираат ѓубрето како дел од акцијата „Генералка викенд“, што ќе трае во следните три дена. Неколкуте нивоа на кејот на Вардар, барем во тој дел, изгледаа прилично чисто, за наши услови, но тие најдоа по некој опушок, ситно хартивче или тапа, ги навлекоа ракавиците на ...