Италија е подготвена да испрати војници во Појасот Газа, изјави денес италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, додека претседаваше со владиниот самит за реконструкција. „Италија е подготвена да испрати војници во Газа како дел од Меѓународните сили за стабилизација предвидени во планот на Трамп“, рече Тајани, објави АНСА. Тајани повика на „единство во постигнувањето на целите меѓу сите политички сили во (италијанскиот) ...

Италија ќе игра водечка улога во дистрибуцијата на хуманитарна помош во Газа, како и во следните фази на реконструкција и безбедносни мерки, изјави шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани, објавено денес од италијанските медиуми. „Проектот „Храна за Газа“ расте. Одлучивме да ја испратиме првата значајна пратка помош од 100 тони“, изјави Тајани на маргините на настанот по повод 80-годишнината од Организацијата за храна и земјоделство ...

ОН и Меѓународниот комитет на Црвениот крст денеска упатија повик за отворање на сите премини во Појасот Газа за да се овозможи испорака на повеќе хуманитарна помош, откако ќе стапи на сила прекинот на огнот. -Според информациите што ми се достапни, не сите премини во Газа се отворени за хуманитарна помош. Ова е главниот проблем во моментов и ова е она што хуманитарните работници, вклучително и Црвениот крст, го бараат во последните часови, ...