Со желби за здравје, среќа и мир во светот православните христијански верници го слават Бадник – денот пред Христовото рождество. Скопскиот соборен храм го наполнија стотици граѓани да си земат бадникарски гранчиња за бадниковата трпеза. Денот започна со молитва во сите православни цркви, а централната манифестација, по традиција, беше во соборниот храм Свети Климент Охридски. „Денес е Бадник, ден пред Божиќ, ден кога ние го дочекуваме еден од ...

Верскиот празник „Бадник“, ден пред Христовото раѓање, Божиќ, беше одбележан денеска во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Традиционалниот настан започна со химна и подигнување на бадникарско знаме. Свештени лица извршија осветување на бадникови гранчиња, но и на кумовата погача, што подоцна беше поделена помеѓу присутните. Беше примопредаден и бадникарскиот ќуп. Пред присутните се обратија минатогодишниот бадникарски кум Божидар ...