По убедливата победа на последните парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ успеа да формира влада со ВЛЕН и ЗНАМ, која во собранието се потпира на стабилно мнозинство од 78 пратеници. Тоа значи дека на владејачката коалиција и недостигаат само 2 пратеници за да контролира и двотретинско мнозинство од 80 пратеници. Уште пред да се избере актуелната влада на чело со премиерот Христијан Мицкоски, се јави потреба за двотретинско мнозинство, со цел ...
Пред повеќе од еден месец, Мендух Тачи објави дека неговата ДПА го напушта Европскиот фронт предводен од ДУИ, но досега јавно не презел конкретен чекор со кој би разјаснил како ќе делува во следниот период. Во меѓувреме, со пратеник помалку останува и коалицијата на СДСМ, откако независно и самостојно делување најави лидерката на ЛДП Моника Зајкова, која беше посочена од сопартијци дека работи на зближување до ВМРО-ДПМНЕ. Токму двајца пратеници ...