Руски борбен авион „МиГ-29“ и систем за воздушна одбрана „Панцир-С1“ беа погодени на аеродромот Халино во руската Курска област, соопшти Генералштабот на Украина на 21 јули. Операцијата ја спроведе 15-та артилериска извидничка бригада „Црна шума“ на Украина. Нападите имаат за цел да ја ослабат способноста на Русија да ги заштити воените објекти од украински напади и се дел од пошироките напори на Украина да ја поткопа способноста на Москва ...
Украинските вооружени сили соборија руски борбен авион за прв пат користејќи „Ф-16“, објави генерал Ден Кејн, шеф на Здружениот штаб на американските вооружени сили. „Неодамна бевме сведоци на првиот судир воздух-воздух во кој украински ‘Ф-16’ собори руски борбен авион. Во текот на изминатите неколку години, благодарение на поддршката од многу партнери, Украина значително го зајакна својот повеќеслоен одбранбен систем“, рече Кејн за време на ...
Руски борбен авион се урна денес во Московската област во неделата за време на тренинг лет, објави руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана. Весникот „Комерсант“ објави дека се урна борбениот авион „Су-57“, најнапредниот руски борбен авион од петта генерација. „Су-57“ главно го користи Русија во војната против Украина за лансирање ракети со долг дострел „Х-59“ и „Х-69“. Според ТАСС, авионот ...

