Дури 89 отсто од случаите на пожари регистрирани во Грција од почетокот на годинава до денес биле предизвикани од невнимание, покажуваат податоците на грчката противпожарна служба. За овие случаи досега биле уапсени 279 лица. Дополнително, 35 лица, односно 11 отсто од вкупниот број случаи, биле уапсени поради намерно предизвикување пожари. За истрагите и апсењата во ваквите случаи е надлежна Дирекцијата за справување со кривични дела ...

Од почетокот на годинава до денеска во Грција се изречени 741 административна казна за предизвикување пожари, во вкупна вредност од 1.211.770 евра, а уапсени се 314 лица. Според податоците на грчката противпожарна служба, најголемиот дел од случаите се поврзани со невнимание. Дури 88,85 проценти од пожарите за кои биле преземени мерки биле предизвикани ненамерно, а за нив биле уапсени 279 лица. За намерно предизвикување пожари биле уапсени 35 ...