Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Анкара изрази надеж дека размената на затвореници со Русија ќе биде обновена до крајот на годината. -Се надеваме дека ќе ја воспоставиме размената до крајот на годината, со цел да се вратат значителен број затвореници. Турција многу ни помага во овој процес, изјави Зеленски за новинарите по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Зеленски денеска беше во Турција со цел да ги ...

„Крвопролевањето мора да се запре и мора да се осигураме дека војната никогаш повеќе нема да се разгори. Со нетрпение ги очекувам резултатите од денешните разговори и се надевам дека сите учесници ќе бидат конструктивни. На сите ни е потребен позитивен исход“, рече Зеленски во објава на платформата X, пренесува Ројтерс. Шефот на украинската делегација на разговорите во Женева, Андриј Јермак, кој е и началник на кабинетот на Зеленски, потврди ...