Некогашниот прволигаш, а сега есенски шампион во Трета лига – Север, Еуромилк од Горно Лисиче означи старт на зимските подготовки во снежни услови. Со првиот тренинг кој беше одработен вечерва под рефлектори поранешниот прволигаш ќе цели кон една цел – да се врати во Втората македонска фудбалска лига. Еуромилк ГЛ е лидер во Трета лига – Север со 37 бодови, пет повеќе од БВК Коњари кој е втор со 32 бодови. Сите играчи од есенскиот дел ќе бидат ...

Третолигашот Овче Поле од Свети Николе на 28 јануари ќе ги започне зимските подготовки за предизвиците кои ќе бидат кон клубот. Со првата прозивка и првиот тренинг на Градскиот стадион во Свети Николе третолигашот ќе ја започне мисијата за обезбедување на првото место в оТрета лига – Исток, кое води кон баражот за Втора лига. Овче Поле во сезона 2021/2022 беше шампион во Трета лига – Исток и играше бараж за влез во Втора лига, но истиот го ...