„Монаштвото е плот од плотта на Црквата, динамичен израз на аскетскиот дух и на есхатолошкиот стремеж на нејзиниот живот. Посветени со душа, со ум и со тело кон Христа, ’туѓинци и странци во овој свет‘, ’претворајќи ги ноќите во денови, живеејќи во благодарност и псалмопение‘, ’барајќи го она што е горе‘, монасите со упорност и со трпение тропаат на вратата на вечното Царство, според Господовата реч: ’секој кој моли, добива; кој бара, наоѓа, и ...

Нема сомнение дека монаштвото е една највеличествена света тајна во Црквата Божја. Во една прилика, нашиот Старец, Епископот г. Партениј ќе каже дека „тоа е бесценет дар од Бога, патека кон преобразување на човечкото срце и обожение. Монахот е оној кој ја оставил земната суета и се затворил во прегратките на Христовата љубов, барајќи да ја исполни Божјата волја со целото свое битие. Монаштвото е мистичен подвиг, каде што преку блаженото ...