На 20 ноември (четврток) во 11 и во 12 часот, по повод Светскиот ден на детето во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде прикажана претставата „Три“ – прва професионална претстава на знаковен јазик за деца. Претставата четири години е активна на македонската сцена со цел децата кои припаѓаат на глувонемата заедница да им понудиме да уживаат во театарската уметност на нивниот мајчин јазик, односно македонски знаковен јазик, но ...
По повод Светскиот ден на детето, на 20 ноември од 11:00 и од 12:00 часот, во ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде прикажана претстава „Три“, прва професионална претстава на знаковен јазик за деца. Автор и режисер е Јован Ристовски, а ликовите ги толкуваат Сандра Грибовска (Лила), Маја Андоновска-Илијевски (Розе), Анастазиа Христова (Синка) и Никола Пројчевски (Ѕвонко Бонбонко). Тутор по знаковен јазик е Сузана Станоевска. – Претставата четири години е ...
На 21 ноември (петок) во 19 часот во Ликовната галерија на Цетарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата „А“ од Олгица Антовска. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и труизам. Со овој циклус, авторката нè внесува во едно лирско патување каде водата не е само мотив, туку живо суштество, органска меморија, емоционален простор. Преку специфичните овални и кружни формати, ни се отвара еден нов начин на ...

