Уф, каков успех за ракометна Македонија! Неверојатен! Младинците на Е.Пелистер, по победата над Динамо Букурешт на негов терен, успеаја да се пласираат на Ф4 во Келн во младинската Лига на Шампионите а таму ќе играат со своите врсници од Барселона, Веспрем и ГОГ. Навистина нешто фантастично за нашиот спорт и за ракометот посебно. И кога е така, а така е, тогаш јасно е дека следуваше победничко селфи од Букурешт на младинците на Пелистер. Исто ...

Младите ракометари на Пелистер денеска му оддржаа лекција на Кјелце кого го победија со 37-29, а сега го дознаа и наредниот противник, последен до место на фајнл-фор турнирот, тоа е тимот на Динамо Букурешт. Динамо Букурешт со 31-28 ја совлада екипата на Висла Плоцк и закажа меч со Пелистер. Натпреварот меѓу Пелистер и Динамо ќе се одигра во петок во Букурешт со почеток од 18 часот. Ако Пелистер го победи романскиот противник ќе се пласира на ...

Младинците на Е. Пелистер остварија фантастичен успех на турнирот во Букурешт, каде со две победи над Киелце и над Динамо Букурешт македонскиот тим успеа да се избори за место на фјаналфор турнирот во Келн во младинската лига на шампиони што ЕХФ за првпат ја организираше оваа сезона. Алем Хаџиќ беше вистински лидер на „пелистерци“ на овој турнир постигнувајќи вкупно 26 гола на двете одиграни средби, по што бекот на Е. Пелистер заслужено се ...