Во рамки на иницијативата е изработен сеопфатен проектен елаборат кој ги опфаќа научните, техничките, организациските и образовните аспекти на идната опсерваторија, како и моделите за нејзина имплементација и развој. Идејата за астрономска опсерваторија во Македонија има долга историја која опфаќа повеќе од седум децении научни и институционални обиди. Уште во 1961 година започнала изградба на астрофизичка опсерваторија на Зајчев Рид во ...
Македонија е земја на парадокси. Од една страна, Кокино е еден од нашите најпрепознатливи археоастрономски локалитети и симбол на древното набљудување на небото. Од друга страна, современа Македонија сè уште нема национална астрономска опсерваторија – научна инфраструктура што би им овозможила на истражувачите, студентите, учениците и граѓаните да учествуваат во современата астрономија. Но, ова не е текст за жалење по минатото. Ова е текст за ...

