Давид Матески се врати во редовите на ГФК Охрид на кој денеска му се придружи младиот Давор Росиќ. 19-годишниот младински репрезентативец Матески доаѓа од екипата на Силекс како позајмен играч. Тој игра на крилната позиција. Во својата кариера покрај Силекс има настапувано за Охрид и Воска. 18-годишниот Давор доаѓа од редовите на Работнички, тој игра на левата бековска позиција, соопшти ГФК Охрид. Во рамки на подготовките за вториот дел од ...

Тоа што го најави Спортска Мрежа пред неколку часа, Охрид вечерва го потврди – Давид Матески е нов играч на „рибарите“, а доаѓа како позајмен играч од Силекс до крајот на сезоната. 19-годишниот младински репрезентативец на Македонија ќе треба да помогне во остварување на целите на Охрид – влез во Првата македонска фудбалска лига. Претходно, Матески настапуваше за Охрид и Воска Спорт. Во тимот доаѓа и 18-годишниот Давор Росиќ, кој пристигнува ...