Советот на ЕУ и Европскиот парламент рано изутринава постигнаа прелиминарен договор за „хармонизирање, поедноставување и рационализација на управувањето со расположливиот капацитет на возови на железничката мрежа на Унијата“, кој би требало да овозможи побројни и посигурни патнички и товарни железнички услуги. Данскиот министер за транспорт Томас Даниелсен, која го предводеше преговарачкиот тим на Советот на ЕУ, изјави дека договорот има за цел ...

Во услови на пораст на прекуграничниот железнички сообраќај во Европа, неусогласените национални возни редови прават проблеми на патничките и товарните возови што се движат по истите пруги, но со различни брзини и со различни распореди на запирање. За надминување на проблемот, Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа прелиминарен договор да се направат измени на Европската рамка за управување со железничките капацитети, со кои се ...