Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Грузија, на покана на претседателот на Парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили. Во состав на собраниската делегација, предводена од Гаши, се и пратеничките Дафина Стојаноска, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Мимоза Муса, членки на Пратеничката група за соработка со Грузија, како и заменик-генералниот секретар на Собранието, Ибуш Јусуфи. Според ...

Командантот на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексус Г. Гринкевич, денеска ќе престојува во официјална посета на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата. Во рамки на посетата, тој ќе оствари средба со министерот за одбрана Владо Мисајловски и со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Од Министерството за одбрана и Генералштабот информираат дека генералот Гринкевич, како ...