Вечерва од 21 часот, во меч од 3.коло во лигашката фаза во Лигата на Конференции, нашиот шампион се среќава со силната Јагиелонија. Тим од Полска кој во последните сезони доминира во својата земја. Инаку за тетовци ова ќе биде 64-ти меч во Европа во нивната историја. Досега тие успеале во 23 наврати да слават, имаат 11 ремија и 19 порази. Во случај на победа тогаш тоа ќе биде нивна 24-та. Од далечната 2011 година и двомечот со Партизан во ...
Фудбалерите на Шкендија трагично одиграа реми против Јагјелонија (1-1) во третото коло од Конференциската лига на УЕФА. Тетовчани долго водеа, а примија гол за реми во последните секунди од средбата на националната арена „Тодор Проески“. По натпреварот разочараноста не ја криеше тренерот на македонскиот првак Јетон Беќири. „Нормално дека сме разочарани, бидејќи секунди не делеа од трите бода. Сепак, фудбалот е таков и мора да го прифатиме овој ...
Фудбалскиот шампион на Македонија Шкендија вечерва на домашен терен ќе ја пречека полска Јагиелонија во натпревар од 3. коло од новата сезона во Конференциската лига на УЕФА. Од тетовскиот тим се уверени во нов успех на меѓународна сцена. Пред мечот тренерот Јетон Беќири истакна дека противникот е добро анализиран. „Го анализиравме противникот. Јагиелонија е силен тим кој доаѓа од првенството на Полска, можеби се мали фаворити на хартија, ...
Македонскиот фудбалски првак Шкендија ја забележа првата европска победа во групната фаза. Во Скопје падна Шелбурн од Ирска (1-0), а следен на менито е полскиот фудбалски гигант Јагјелонија (четврток, 21:00 часот) кој доаѓа на најголемиот македонски стадион. Чекаше Шкендија долго за да победи со ирскиот шампион, но на крајот заслужено го впиша европскиот првенец. Едно невнимание во казнениот простор на Шелбурн во судиското надополнување беше ...

