Дваесет и деветгодишниот Јован Илиевски од Куманово го фати крстот во Соборниот храм „Свети Никола“ на празникот Водици – Богојавление. Илиевски беше најсреќниот верник кој прв дојде до крстот, меѓу десетиците православни христијани кои денеска влегоа во ладните води на црковниот базен. Вели дека по петти обид, за прв пат тој го фатил крстот. – Најмногу здравје, среќа и успех. Досега имам скокано само тука. Се најдобро за сите, здравје, љубов, ...

Охрид,19. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Елшани, малото живописно село во близина на Охрид, и ова утро го дочека големиот православен празник Богојавление Водици во духот на вековната традиција. Жителите, како и секоја година, рано излегоа на утринската богослужба во црквата „Свети Пророк Илија“, каде се осветија водите како симбол на чистота и нов почеток. Кулминацијата на празникот беше фрлањето на чесниот крст во изворските води, кај Клајнецот. ...

Мартин Гоџоски од Варош го фати светиот крстот што на празникот Богојавление Водици, беше положен во осветените води на Охридското Езеро. Тој беше најсреќен помеѓу неколкуте стотини капачи. Гоџоски крстот го фати и во 2022 година. Светиот крст во водите на Охридското Езеро беше положен од градското пристаниште, а чинот на полагањето го изврши Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Претходно беше отслужена богослужба и света литургија ...