Македонската ракометна репрезентација е сè уште „жива“ на Европското првенство! Во натпревар со драматичен финиш, црвено-жолтите успеаја да извлечат злато вредно реми против фаворизираната Португалија (29:29), задржувајќи ги шансите за пласман во втората фаза. Натпреварот во Данска, Норвешка и Шведска понуди вистински трилер, во кој македонските ракометари покажаа неверојатен карактер, враќајќи се од голема негатива. Партија на кариерата за ...

Анализа на Горан Талевски Натпреварите на македонската репрезентација никогаш не се „само обични натпревари”. Тие се секогаш тест за нервите, драма во повеќе чинови и емоционален „ролеркостер”. Синоќа против Португалија не беше исклучок. Иако на семафорот пишуваше 29:29, чувството е како да сме победиле. Не поради бодот, туку поради начинот на кој стигнавме до него. Кога сè се чинеше изгубено, кога судиите на момент, среќата, повредите и ...