Вечерва од 22.15 часот, гледајте ја новата епизода „Кафе муабети“ – гостин е актерот и музичарот Драган Спасов-Дац. Ќе биде ова уште една емисија што ќе ја изгледате во еден здив, овој пат снимена во ресторанот „Трибека“ во Скопје. И како што ветивме на почетокот, во емисијата ќе промовираме и ОК места за излегување во градот, а овој познат скопски ресторан секако е едно од оние што треба секој да го посети. Снимавме во опуштена атмосфера, ...

Открива како во текот на кариерата добивал совети од својот татко, но и за талентот што го наследил од својата мајка. Во новата епизода од емисијата „Кафе муабети“ познатиот актер и музичар Драган Спасов – Дац во искрен и отворен разговор зборуваше за најраното детство и растењето со родителите, но и за сите оние убави, но и помалку убави работи во животот, како што беше и разводот. На самиот почеток од разговорот Дац откри како растел во ...

Драган Спасов-Дац важи за еден од нашите најпознати актери, но за многумина и еден од омилените музичари. И како што и самиот откри неодамна во емисијата „Кафе муабети“, пеењето е негова прва љубов, уште од детство. Затоа и не чуди што Дац денес заедно со Александар Митевски важат за еден од најдобрите тандеми и со нивните настапи ја воодушевуваат македонската публика. Принтскрин/ Јутуб, Гламур Тоа можевме да го видиме и на нивниот ...