Некогашниот второлигаш Караорман од Струга е есенски шампион во Трета лига – Југозапад, откако Могила и Влазними одиграа 0:0 во одложениот меч од 7. коло, а се играше денес. Мирни мрежи на двете страни, гостинот девет минути играше со играч помалку откако Сундим Фејза во 81. минута заработи втор жолт картон и беше исклучен од игра, тоа не го искористи домаќинот, па двете екипи се задоволуваа со поделба на бодовите. Се спушти завесата во Трета ...

Екипата на Охрид продолжува со импресивната форма и е на чекор до тоа да стане есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига. Популарните „рибари“ славеа со 1–0 против Детонит Плачковица, во тврд и неизвесен натпревар кој го реши голот на Иван Глигоров. Клучен момент беше и одбранетиот пенал на голманот Дамјан Серафимов, кој го запре ударот од белата точка на Сашо Дуков и ја задржа предноста на својата екипа. Со оваа победа, Охрид ги ...