Вистинска драма се одвивала во раните утрински часови во скопската населба Чаир, каде што две патнички возила биле зафатени од пожар на улицата „Џон Кенеди“. Според информациите, пожарот избувнал околу 4 часот наутро, а пламените јазици брзо ги зафатиле автомобилите. На местото веднаш интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица, која успеала да го локализира и изгасне пожарот, спречувајќи тој да се прошири и на други возила ...
Триесет и седумгодишен жител на Кичево го загуби животот во пожар што избувнал во стан на улицата „4 Јули“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 21 јули во 18:55 часот, кога од Територијалната противпожарна единица Кичево било известено дека избувнал пожар во станбен објект. Пожарникарите веднаш интервенирале и успеале да го локализираат и изгаснат пожарот. По завршувањето на ...

