Во првата половина на 19 век во Солун опстојувале повеќе семејства од Дебарската Област. Тие, пред сѐ, се занимавале со занаетчиство и трговија. Притоа биле организирани во занаетчиски и трговски еснафи, кои одржувале врски со повеќе македонски градови, но и со своите родни краишта Во текот на 18 век при самоволијата на Али-паша Јанински, а и потоа за време на судирите и борбите за превласт помеѓу првенци од албанско потекло, мнозина ...

Солунските дебранци уште пред првата половина на XIX век беа речиси на исто ниво со светогорските манастири за народните дела. Козма го знаеше тоа, затоа беше горд на тие родољубиви и патриотски градители, дојдени од далеку, кои инаку ја формирале срцевината на тој град. Дебранците ги полнеа училиштата, црквите и општествените згради. Тие беа најистакнати и најтрудољубиви мирни солунски граѓани. Само Грците беа немирни и најголеми противници. ...

Дебранците во Солун работеле како градежници, млекари, терзии и друго. Приливот на дебранци во Солун бил постојан до крајот на османлиското владеење, т.е. до Балканските војни, кога Дебарската колонија пораснала на 1.200. Дебранците во Солун биле цврсто поврзани меѓу себе, при што заемно се помагале, а притоа ги негувале своите стари обичаи, но и мијачкиот јазик. Од друга страна, поради својата бројност и приврзаност кон мајчиниот јазик, тие го ...