Јаник Синер и Карлос Алкарас се главни фаворити за трофејот на првиот грен слем во новата календарска година Австралија Опен, но во исто време не смее да се отпише најуспешниот тенисер на овој турнир Новак Ѓоковиќ. Токму Ѓоковиќ е на истата страна со Синер, но нивен дуел е можен дури во завршната фаза или поточно во полуфиналето. Јаник ќе стартува против Уго Гастон од Франција, додека пак Новак ќе тргне против Шпанецот, Педро Мартинез. Карлос ...

Ждрепката за Австралија опен, првиот Грен слем турнир во сезоната кој стартува на 18 јануари во Мелбурн, веќе во најавата вети потенцијални спектакуларни пресметки меѓу најдобрите светски тенисери. Најголемо внимание привлече фактот што Новак Ѓоковиќ, кој е четврти носител на турнирот и бранителот на титулата Јаник Синер, поставен како втор носител, се најдоа во истата половина од ждребот. Ова отвора можност за нивна меѓусебна пресметка уште ...

Рожер Федерер пристигна во Мелбурн со цел да одигра егзибиција на Аустралијан Опен, но пред да излезе на теренот, Швајцарецот одработи низа интервјуа, но имаше и официјална прес-конференција. Федерер се врати во Австралија за првпат по 2020-та година и посочи дека навистина му недостасувала целата еуфорија која се создава околу првиот грен слем во годината, но сосема очекувано, славниот 20-кратен грен слем освојувач не можеше да избегне ...

Вчерашната церемонија во Мелбурн ги откри потенцијалните пресметки на патот кон престижниот трофеј „Норман Брукс“. Двократниот бранител на титулата, Јаник Синер, го дозна својот пат кон историската тројна круна, додека најголемите тениски имиња се најдоа во ист дел од ждрепката. Синер против историјата, Новак на пат кон 25-та титула Јаник Синер (бр. 2) ја започнува кампањата против Французинот Гастон, но патот набрзо му станува потежок со ...