„Добар ден и од мене. Јас сакам да изразам задоволство што денеска заедно со градоначалникот, односно градоначалниците со луѓето од јавните претпријатија на Градот Скопје, но и со останати граѓани, отпочнуваме еден проект којшто многу ќе значи за скопјани ќе додаде вредност во квалитетот на живот на скопјани. Јас не би имал што да додадам повеќе во техничките карактеристики, да го анализирам проектот од технички аспект, но знам дека овој ...

Почнува изградбата на првиот дел од булеварот „Македонија“, проект што треба конечно да ја стави во функција и првата подземна сообраќајница во Скопје. Ова не е нов пат од нула, туку средување, проширување и поврзување на постоечките улици, за сообраќајот да тече побрзо и со помалку гужви. Каде точно ќе се работи? Ќе се работи на потегот: од Рампа кај „Борис Трајковски“, по 11 Октомври, преку улица Пролет, до приклучокот кон булевар ...