Шпанскиот вицешампион Реал Мадрид се согласи да го продаде Гонзало Гарсија во премиерлигашот Фулам, но за кратко време веднаш пронајде соодветна замена, класичен напаѓач по мерка на тренерот Жозе Мурињо. Се работи за 21-годишниот Карлос Еспи кој беше на пат за Англија, преселба во Премиер лигата во Брајтон или Хал Сити, меѓутоа од никаде се појави Реал и успеа експресно да го договори неговиот потпис. „Кралевите“ ќе ја активираат откупната ...

Реал Мадрид ќе го продаде младиот напаѓач Гонзало Гарсија во Фулам, се чека само официјализација, и со тоа дресот со бројот 16 кој го носеше Гонзало ќе биде слободен. Во Кралскиот клуб точно знаат на кој играч ќе му го дадат овој број. Станува збор за Родри кој ја носи 16-ката и во Манчестер сити и во шпанската репрезентација. Во Реал не брзаат, чекаат Родри да се рехабилитира од операцијата на грбот, а и Сити прво да купи друг плејмејкер, ...