По неколкуте недели тестирање и испраќање опомени по СМС, Министерството за внатрешни работи сепак реши да ја одложи официјалната примена на системот „Безбеден град“ („Сејф сити“). Наместо како што беше најавено – од 1 јануари – регистрирањето и санкционирањето преку камерите ќе започне на 1 февруари 2026 година, информираат од МВР за „360 степени“. — реклама — Од Министерството нагласуваат дека од февруари системот ќе биде активен во Скопје, ...
За да биде уште побезбеден, „Сејф сити“ се одложува на еден месец. Наместо од Нова година, системот за автоматско регистрирање и санкционирање на сообраќајни прекршоци ќе стартува од 1 февруари. Казнувањето се одложува за да се продолжи тест-периодот, во кој и Министерството за внатрешни работи, но и граѓаните, детектираа низа пропусти и нелогичности во системот. Еден од нив се однесува на возилата на лизинг и рент-а-кар, каде што казните ...
Министерството за внатрешни работи (МВР), во одговор на прашање на „360 степени“, околу тоа дали системот „Безбеден град“ (Сејф сити) се тестира и кога официјално ќе биде во функција, посочи дека регистрирањето сообраќајни прекршоци преку овој систем ќе започне да функционира од 1 февруари. Тоа нема да започне од 1 јануари, како што беше првично најавено. „Безбеден град ќе започне да функционира од 1.2.2026 година на територија на Скопје, ...

