Ракометарките на Холандија се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство на кое се домаќинки заедно со Германија. Со победата над Полска (22-33) на коло пред крајот на групната фаза „лалињата“ си обезбедија виза за осумте најдобри. Сега им останува во последното коло да се борат со Франција за првото место во групата. Во натпревар без резултатско значење Исланд слави против Фарски Острови со 30-33 во групата 2. Двете селекции се на дното ...

Ракометната репрезентација на Германија се пласира во полуфиналето на Светското првенство на кое заедно со Холандија е една од земјите домаќини. Германките беа убедливи во првата нокаут рунда, па го декласираа Бразил со 30-23 (17-11) во Дортмунд. Во полуфиналето Германија го чека подобриот од пресметката на Данска и Франција. Домашната селекција уште од стартот покажа дека знае што сака, беше убедлива и рано поведе со високи пет разлика (8-3). ...